Селективно.Научно базирано.Природно (Drug-Free).

    Тренерство за Спортисти & Природни Бодибилдери

    Селективно тренерство и водство дизајнирано за сериозни, компетитивни и професионални спортисти и природни бодибилдинг натпреварувачи фокусирани на долгорочен развој — не на шорткати.

    За кого е наменето?

    Оваа програма и водство се соодветни за тебе ако:

    • Си спортист (маж или жена, било кој спорт) или природен бодибилдер (маж или жена)
    • Цениш структурирани тренинг, исхрана и суплементација
    • Даваш приоритет на долгорочен развој и пристап, а не само краткорочен хајп
    • Подготвен/а си да следиш план со конзистентност и дисциплина

    Овој коучинг НЕ е за:

    • Лица кои бараат кратки патишта и инстант резултати
    • Лица заинтересирани за злоупотреба на стероиди или супстанции за подобрување на перформанс
    • Лица кои не се подготвени да се посветат на структуриран процес
    • Лица кои мислат дека се поголеми „тренери" од тренерот
    Соработувам исклучиво со природни (drug-free) атлети и бодибилдери и ова не е предмет на преговори.

    Филозофија на мојата работа

    Атлетскиот и физичкиот развој бара:

    1

    Паметно програмирање

    2

    Исхрана прилагодена за максимален перформанс и регенерација

    3

    Суплементација што реално делува и ќе помогне во остварување на целта

    4

    Оптимизација и менаџирање на опоравување и регенерација

    5

    Објективно носење одлуки, базирани на податоци, не емоции

    Компетитивниот спорт бара значајна инвестиција: време, труд, дисциплина, конзистентност и жртва. Ако напредокот е твој вистински приоритет, оваа соработка бара целосна посветеност.

    Процесот на соработка со секој спортист ќе биде 100% индивидуализиран и ќе се базира според:

    СпортИскуствоЦелиВременска рамкаЖивотен стил и капацитет за опоравување

    Што да очекуваш?

    Соработка со спортисти и атлети вклучува:

    Целосно индивидуализирана тренинг структура

    Нутритивна стратегија и програма усогласена со целите и животниот стил

    Протоколи за суплементација за поддршка и оптимизација на здравје, перформанс и опоравување

    Фазно планирање (off-season, подготовка за натпревар, цикличен пристап, враќање по повреда)

    Редовна евалуација на напредок и модифицирање по потреба

    Директна комуникација, достапност и одговорност

    Ова е тренерство, не шаблон.

    Натпреварувачки и развојни патеки

    Работам со:

    Природни бодибилдинг атлети (мажи и жени)

    Атлети од индивидуални спортови

    Атлети од тимски спортови

    Атлети фокусирани на натпреварувачки физикус

    Атлети фокусирани на подобрување сила и перформанс

    Искусни натпреварувачи, како и оние кои се спремаат за својот прв натпревар

    Целите се планираат врз основа на моменталната подготвеност и состојба на атлетата и временска рамка.

    Искуства од успешно водени атлети

    Текст или фотографии од атлети со кои сум работел.

    Photo / text

    Photo / text

    Photo / text

    Пристап само преку аплицирање

    Типот на оваа соработка е селективен. Сите атлети се прифаќаат исклучиво преку апликација, со цел да се обезбеди усогласеност и да се потврдат посветеноста и реалните очекувања.

    Аплицирај за Тренерство за Спортисти & Природни Бодибилдери

    Апликациите ги разгледувам лично.

    Доколку бидеш прифатен/а, следните чекори ќе бидат дискутирани приватно.

    Финална порака

    Ако бараш:

    • Искрено и професионално водство
    • Природен (drug-free) напредок
    • Тренер кој дава приоритет на здравје и долговечност, перформанс и одржлив прогрес
    • Реални резултати

    На вистинското место си!

    Важна напомена:

    Натпреварувачкиот спорт и природниот бодибилдинг носат неизбежни ризици, вклучувајќи повреди, замор и стрес, како и периоди во кои спортските цели имаат приоритет над комфорот. Мојата улога е да го минимизирам непотребниот ризик, да го приоритизирам долгорочното здравје и да носам оптимални одлуки, но сепак ризикот никогаш не може целосно да се елиминира.