НаукаИскуствоИнтегритет

    Воислав Синадиновски

    Дипломиран Биолог и Нутриционист | Поранешен Професионален Спортист | Природен Бодибилдер | Онлајн Тренер

    Дипломиран Биолог и Нутриционист (BSc) на Природно-математичкиот факултет при УКИМ – Скопје. Мојата работа како тренер е изградена врз наука и едукација, искуство како професионален спортист и тренер и јасно дефиниран систем на вредности.

    [ Додади профилна фотографија ]

    [ Додади спортска фотографија ]

    Атлетска позадина

    Пред тренерството да стане моја професија, бев професионален спортист.

    Ја претставував Македонија како член на националната репрезентација во алпско скијање, освоив повеќе домашни и меѓународни медали, бев државен шампион во повеќе возрасни категории и дисциплини и учествував на Светското првенство во алпско скијање во 2017 година во Сент Мориц, Швајцарија.

    Елитниот спорт ми го обликуваше разбирањето за дисциплина, структура, регенерација и долгорочен развој на перформанси.

    Како фитнесот стана мој пат

    Со тренинг во теретана започнав на 14-годишна возраст, првично како дел од тренинзите и подготовките за алпско скијање.

    Со тек на време, теретаната престана да биде само тренинг — стана страст.

    Започнав сериозно да се интересирам за:

    • Како оптимално се гради мускулна маса
    • Како исхраната влијае на перформансот и регенерацијата
    • Како тренажните варијабли влијаат на долгорочните адаптации

    Вложив години изучувајќи научни истражувања и трудови. Академски се образував во полето на биологијата и нутрицијата. Истражував и експериментирав со различни пристапи. Не функционираше сè! Искуството ме научи дека најефикасните решенија, многу често не се најочигледните.

    [ Додади тренинг фотографија ]

    [ Додади фотографија ]

    Учење на потешкиот начин

    Како и многу млади спортисти, така и моите почетоци и потрагата по напредок беа проследени со грешки.

    Во обидот да изградам мускулна маса и да ја подобрам физичката форма, отидов во екстреми. Во еден период, мојот однос кон храната и тренингот станаа нездрави.

    Тоа искуство ме научи нешто бесценето: Напредокот без структура и баланс — не е вистински напредок.

    Токму затоа мојата тренерска филозофија денес приоритизира:

    ОдржливостЕфикасностЛогикаЗдравјеДолгорочна конзистентност

    Природен бодибилдинг и натпреварување

    Денес јас сум и активен натпреварувач во природен бодибилдинг во Classic Physique категорија.

    Во октомври 2025 година го освоив првото место на NPC FitParade Eagle Classic Natural Show во Будимпешта, тестирано натпреварување каде употребата на допинг средства е забрането!

    Цврсто стојам против:

    • Стероиди
    • Супстанци за подобрување на перформанс
    • Пристапи базирани на шорткати

    Никогаш не сум користел никаква недозволена супстанца и никогаш нема да користам.

    Исто така, не прифаќам клиенти кои сакаат да користат такви средства.

    Мојата работа е посветена исклучиво на природни спортисти и атлети кои го вреднуваат напредокот изграден преку труд, структура и време.

    Целата моја работа е базирана на природни, понекогаш невообичаени, но секогаш најефикасни методи.

    NPC FitParade Eagle Classic — Будимпешта, Октомври 2025 — 1. Место

    [ Додади натпреварувачка фотографија ]

    Филозофија на мојата работа

    Работам со индивидуи и атлети кои сакаат и ценат:

    Јасна структура

    Искрено водство

    Методи кои навистина функционираат

    Одржливи и долгорочни резултати

    Без разлика дали целта е слабеење, зголемување на мускулна маса, подобрување на физикусот или натпреварувачките перформанси, принципите остануваат исти:

    1

    Интелигентен тренинг пристап

    2

    Соодветна исхрана

    3

    Проверена суплементација

    4

    Методи за опоравување и регенерација

    5

    Конзистентна работа

    6

    Објективно носење одлуки

    "Постои попаметен, поефикасен и пооптимален начин за пристап кон тренингот, исхраната и суплементацијата — а мојата улога е да ве научам како правилно да го примените."

    [ Додади фотографија со клиент ]

    Зошто тренирам луѓе?

    Тренерството не е мотивација или „хајп". Тоа е јасност, одговорност и долгорочен развој.

    Целта на мојата работа е да:

    • Го поедноставам процесот
    • Ја отстранам непотребната комплексност
    • Ги научам луѓето што навистина функционира
    • Помогнам да се остварат резултати кои можат да се одржат и надоградат

    За вие единствено да се фокусирате на извршување и егзекуција! Така се градат вистински резултати.