Online Coaching
    Нема трендови.Нема кратенки.Нема лажни ветувања.

    Онлајн тренерство базирано на докази! За вистинска трансформација.

    Само структуирани тренинг, исхрана и суплементација што навистина функционираат.

    За бизнисмени и луѓе полни со обврски, но и за секој што сака одржливо подобрување на физикусот и здравјето, без екстреми.

    Не ти треба уште еден „план".

    Ти треба систем изграден околу твоите цели и животен стил, поткрепен со наука и одговорност.

    Секој план е целосно индивидуализиран и прилагоден на твојата главна цел - слабеење, зголемување мускулна маса или подобрување на физикусот - користејќи докажани, научно базирани принципи што функционираат на долг рок.

    Работам со онлајн клиенти на глобално ниво.

    За кого е наменето?

    Моето онлајн тренерство е за тебе ако:

    • Бизнисмен си, имаш премногу обврски, но сепак внимаваш на здравјето и изгледот, сакаш резултати без нагаѓање
    • Тренираш, но се бориш со редовност или напредок
    • Ти треба оптимизација на патот до твојата цел (слабеење, мускулна маса, рекомпозиција)
    • Уморен си од грешни пристапи
    • Цениш наука, професионалност, структура и долгорочни резултати
    • Подготвен си да се посветиш на реален и долгорочен напредок

    Моето онлајн тренерство НЕ Е за тебе ако:

    • Бараш брзи решенија или „пократок пат"
    • Бараш евтини, генерички планови
    • Не можеш да се посветиш конзистентно

    Зошто мојот пристап функционира?

    Како дипломиран Биолог и Нутриционист, поранешен професионален спортист, активен природен бодибилдинг натпреварувач и со долгогодишно искуство како персонален и онлајн тренер, цврсто стојам позади секој елемент од твојата програма!

    Твоите тренинг, исхрана и суплементација ќе бидат:

    Научно базирани и практично поткрепени

    Прилагодени на твојот живот

    Лесни за следење

    Насочени кон цел и резултати

    "Добиваш програма која е креирана специјално за тебе, врз основа на податоци, а не трендови."

    Дознај повеќе за мене →

    Принцип на работа

    Апликација

    Пополнуваш кратка апликација за да утврдам дали сме компатибилни за соработка.

    Аплицирај сега

    Стратешки разговор

    Доколку бидеш прифатен, правиме краток разговор каде дискутираме за деталите, ги потврдуваме целите и го зацртуваме патот.

    Персонализирано тренерство

    Откако ќе бидеш прифатен, добиваш целосна, научно базирана програма прилагодена на твојот распоред, тело и цели.

    Сè онлајн. Структурирано. Ефикасно.

    Инвестиција

    Онлајн тренерството најчесто варира помеѓу 180–250 € (11.000–15.000 ден) месечно, во зависност од индивидуалните цели и нивото на поддршка.

    Ова е 100% персонализирано водство (менторство), а не евтин, генерички план.

    Минимална соработка е 4 месеци, бидејќи пократок период обично не е доволен за градење цврсти навики и постигнување долгорочна промена.

    Сите клиенти се прифаќаат исклучиво преку апликација.

    Реални клиенти. Реални резултати.

    Фотографии од трансформации. Коментари од задоволни клиенти.

    Before transformation
    Пред
    After transformation
    По
    Before transformation
    Пред
    After transformation
    По
    Before transformation
    Пред
    After transformation
    По

    Доколку си сериозен околу трансформацијата на телото и животот на правилен начин:

    Аплицирај за онлајн тренерство